Ова е првиот меѓу-балкански собир на Mozilla заедниците од балканските земји. Сите ние имаме една цел, а тоа е ширењето на слободниот софтвер и Mozilla Манифесто.
Придружете ни се за цел ден исполнет со предавања, говори и работилници на разни теми, од запознавање на локалните заедници и нашите цели, до алатки за локализирање на слободен софтвер и развивање на додатоци за Firefox.
За секој има по нешто :)
На самиот настан ќе присуствуваат преставници од Mozilla заедниците од Македонија, Србија, Бугарија, Босна, Косово, Грција, Романија, Словенија, Хрватска и секако претставници од Mozilla HQ.
Доколку присуствувате, ве молиме да се регистирате на Facebook ивентот ако имате профил, или да ја пополните оваа форма ако немате, за да може да добиете бесплатен оброк и пијалок за време на настанот.